Како да се справите со лошите вести и негативните чувства?

Научници спроведоа истражување и утврдија како најголем број од луѓето се носат со стресот откако ќе слушнал лоши информации. Најчестата реакција на негативни вести е избегнување и негирање. Иако тоа може да изгледа како добро решение, долгорочно гледано ваквите емоции не се здрави.

Избегнувањето и негирањето се многу корисни во непосредна ситуација бидејќи можат да не спречат да се преоптовариме. Но, со текот на времето може да станат проблематични бидејќи не спречуваат да се фокусираме на решавање на проблемите.

Од друга страна, опсесивното фокусирање на работата исто така нема да донесе ништо добро.

„Размислувањето на овој начин може да предизвика продолжување на психичките проблеми како што е анксиозноста“, вели терапевтката Сали Бејкер и додава дека е важно да ги дефинираме стиловите на размислување и да утврдиме во кои нездрави обрасци може да припаѓаме.

Препознавањето на стилот на размислување е еден од првите чекори за преземање контрола над мислите, додава таа.

Чекори за прифаќање лоши вести

„Прво вдишете длабоко за да останете цврсто на земја. Потоа, признајте го шокот, немојте да се обидете да побегнете од него. Размислете дали ви требаат повеќе информации. Тие можат да ви помогнат полесно да се соочите со тоа што сте го слушнале. Потоа откако ќе дознаете се, дајте си време за адаптирање. Чувството на тага, губиток и бес се нормални реакции. Не брзајте. Дајте си доволно време. Запаметете, ако се борите со прифаќање лоши вести, немојте да се двоумите да побарате помош од експерти“, вели психотерапевтот Нилуфар Ахмед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e