Како да се ослободите од забниот камен во домашни услови?

Формирањето на забен камен на забите зависи од: составот на плунката, промените во pH на плунката, орална хигиена, проблематична забна состојба…

Исто така, генетиката, кафето, газираните пијалоци и цигарите имаат многу неповолен ефект врз овој проблем.

Што всушност е забен камен?

Забен камен е тврда наслага на забите, кој обично е жолтеникав и сив, и содржи големи количини на бактерии кои произведуваат многу киселини, што ја нарушува структурата на забите и може да доведе до кариес, пишува порталот „24sata.hr“.

Со текот на времето, оваа состојба ќе доведе до воспаление на непцата кои стануваат отечени, црвени и болни на допир. Како последна фаза, се јавува неизбежниот периодонтитис, предупредуваат експертите.

За да се спречи тоа, најважно е редовно да ги четкате забите, да користите забен конец и да го отстраните забниот камен на забар.

Сепак, постои уште еден начин да се намали појавата на забен камен, па дури и целосно да се отстрани во домашни услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e