Како да препознаете дали имате летна настинка или ковид-19?

Летните настинки може да поминат брзо, но може и да го уништат годишниот одмор, затоа внимавајте на симптомите и преземете ги потребните чекори за да закрепнете што побрзо.

Летните настинки не се реткост, а во јули и во август може да настинете исто како и во декември или во јануари. Многумина мислат дека настинките се резервирани за зимата, но и покрај таа честа заблуда, студеното време не е предуслов за кашлица и висока температура.

Никому не му е јасно како е можно да се настине на плус 30 степени Целзиусови.

Луѓето често не знаат дека имаат летна настинка, туку симптомите им ги припишуваат на алергиите и продолжуваат да се однесуваат како ништо да не било. Токму поради сличните симптоми, како течење на носот, кивање и кашлање или воспалено грло, многумина несвесно ја ширата заразата.

Ако симптомите ги имате краток период, 7-10 дена, тогаш станува збор за настинка, бидејќи алергијата ќе трае многу подолго. Исто така, ако се менува интензитетот на симптомите, на пример, почнуваат поблаго, па ненадејно се интензивираат и одеднаш исчезнуваат, се работи за настинка, бидејќи алергијата се одликува со конзистенција.

Летните настинки не се поинакви од зимските, ниту по прашање на лекувањето, затоа држете се до златните правила:

– Одморете се! Погрижете се на телото да му обезбедите доволно сон и намалете ги дневните напори. Иако е лето и одвај чекате да излезете, избегнувајте стрес колку што е можно за да го заштитите имунолошкиот систем.

– Пијте доволно течности, особено вода! Обрнете посебно внимание на хидратизацијата на телото, бидејќи во летниот период ни се потребни повеќе течности. Иако не е прв избор за жешките летни денови, топлиот чај може да ги ублажи симптомите и да помогне побрзо да се преброди настинката. Внесувајте доволно витамини и минерали, особено оние што го поддржуваат имунитетот, како витамин Ц, железо и цинк.

– Навлажнете го воздухот! Иако тие не можат да помогнат директно, овлажнувачите на воздух можат да помогнат околу некои симптоми, а најмногу кај течењето на носот или „скокоткањето“ во грлото. Затоа, исклучете го клима-уредот што го суши воздухот и намалете го шокот на организмот што настанува кога ќе излезете од климатизираниот простор на отворено.

Колку долго трае летната настинка?

Повторно, како и зимската настинка, ќе трае неколку денови и ќе зависи од состојбата на вашиот организам. Во просек, настинките траат десетина дена, со тоа што драстично подобрување се чувствува веќе по 5-7 дена. Децата и младите закрепнуваат побрзо од возрасните, додека постарите лица може да се борат со неа и подолго од две недели. Освен возраста и целокупната состојба на имунолошкиот систем, времетраењето на настинката може да се скрати и со одмор и со користење лекови што помагаат за ублажување на симптомите и ќе ве ослободат од настинката.

Коронавирус или настинка?
Со оглед на пандемиолошката ситуација, сигурно ве загрижува како да разликувате сезонска настинка од ковид-19. Бидејќи станува збор за многу слични симптоми, а болеста се шири на ист начин. За почеток, настинката е мошне помалку заразна од коронавирусот, доколку само еден член во семејството покажува симптоми, а другите членови се добро, многу е веројатно да станува збор за обична настинка. Ковид-19, исто така, предизвикува многу поизразени симптоми на болеста, поради тоа што сѐ уште не сме развиле имунитет на новиот вид вирус. Кај обичната настинка, која со векови се јавува кај луѓето, развиен е имунитет што доволно нѐ штити така што можеме самостојно да ја преболиме со помош на течности и лекови, како што е ибупрофен.

Ако вие или лицето со кое живеете има поизразени симптоми со зголемена телесна температура, болки во телото и отежнато дишење, можно е да се работи за посериозен проблем во однос на обична настинка. Ако симптомите не се толку изразени, најверојатно станува збор за настинка и нема потреба од паника, туку треба да се однесувате одговорно и да се самоизолирате. Имајте на ум, ако имате проблеми со дишењето, секако треба да посетите лекар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e