Како да направите детоксикација на организмот по празниците?

Ни претстојат празници во кои голем дел заземаат богатите трпези што изобилуваат со јадења со висок процент на маснотии и шеќери.

Пред нас е нова година, па да ги искористиме новогодишните одлуки за подобрување на начинот на кој се грижиме за телото кое (сигурно веќе) ни покажува дека време е за промена.

Во опуштена празнична атмосфера сите ќе јадеме и пиеме малку повеќе, но на телото потоа ќе му треба будење и прочистување од тие вкусни задоволства.

За да ја вратите рамнотежата во вашето тело, придржувајте се до овие чекори и посветете се на поздрав начин на живот за да го одржите балансот на здравото тело и дух.

Како знаете дека на организмот му е потребна детоксикација?

Здравите животни навики се добредојдени во текот на целата година, но ако се опуштите за време на празниците, не очајувајте. Со правилна детоксикација можете да решите бројни симптоми: умор, недостаток на енергија, поспаност, главоболки, проблеми со варењето и кожата, пад на имунитетот, несоница…

Ова се сите симптоми што телото ви ги испраќа како сигнали дека му е потребна детоксикација.

Позитивни ефекти на детоксикацијата

Исфрлањето на токсините од организмот ќе ви помогне да го засилите имунитетот, да ја подобрите циркулацијата и да овозможи правилна работа на црниот дроб и на бубрезите.

Покрај физичките придобивки, со детоксикацијата воспоставуваме рамнотежа и меѓу телото и духот, ја смируваме внатрешноста и тоа влијае на подобрување на душевната состојба и намалување на нивото на стрес.

Како да ја спроведете детоксикацијата?

За правилна детоксикација на организмот не се потребни строги диети – доволно е да ги следите насоките за здрав начин на живот. Тоа вклучува внесување повеќе течности, најмногу вода, чаеви и природни сокови. Одбегнувајте кафе, алкохол, енергетски и газирани пијалоци.

Важно е да се истакне дека детоксикацијата не значи изгладнување или прескокнување оброци, туку баш спротивно.

Треба да јадете повеќе, но помали и полесни оброци во текот на денот, што вклучуваат повеќе свежо овошје и зеленчук, особено зелјести растенија и мешунки.

Не заборавајте на физичката активност – преку потење ќе ги исфрлите токсините насобрани во вашиот организам. Прошетка со забрзано темпо во траење од 30-40 минути е најмалку што може да направите за вашето тело.

Не ја заборавајте негата на кожата. Одморете ја од парфимираните гелови за туширање и млека за тело и изберете органски сапуни и природни пилинзи со кои ќе ја обновите кожата и ќе ја подготвите за промената што ќе ѝ се случи и од внатре.

За добро здравје, покрај здраво тело, потребен ни е и здрав и спокоен ум. Одвојте време за истегнување, длабоко дишење и медитација во денот, посветено само на тоа во мирен и хармоничен простор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e