Како да ја спречите секрецијата од носот на природен начин?

Носната слузница која ги обложува носните шуплини е богата со жлезди кои лачат секрет со кој се одржува потребната влага во носот. Оваа слуз е претежно составена од вода и постојано се обновува. Во нормални услови, носната слузница произведува околу половина литар слуз за 24 часа, што му овозможува да ја одржи влажноста и да го загрее вдишаниот воздух. Во кои услови течењето од носот е сигнал за болест и зошто се појавува?

Кога се појавува секрецијата?

Течење на носот е редовен придружник на инфекции како што се настинки и грип. Во овој случај, слузот има и заштитна улога – спречува понатамошно ширење на инфекцијата во белите дробови и респираторниот тракт.

Присуството на алергени, исто така, доведува до имунолошка реакција која предизвикува зголемено производство на секрет во носот.

Иако навидум безопасно, секрецијата може да остане во шуплините на синусите и да доведе довоспаление или во Евстахиевата туба кога ќе се појави воспаление на увото.

За да спречите големи компликации како што е оваа, треба да реагирате на првите симптоми на секрет од носот.

Што покажува бојата на секретот?

Бојата на назалните секрети може да биде различна и да нè насочи кон соодветна терапија:

Бистра

Бело – течење на носот најверојатно е предизвикано од алергии или укажува на појава на настинка, кога слузокожата ја губи влагата и станува бела. Оттука е и таквата боја на секретот.

Совет: Во овој случај, потребно е да се врати влагата во нашата слузокожа и се препорачува да се користат изотонични или хипертонични раствори за секојдневно чистење на носот или раствори за алергии на природна основа.

Жолто-зелена боја

Постојат гласини дека зелената слуз е знак на бактериска инфекција, а жолтата е знак на вирусна инфекција. Можеби тоа не е точно, но сигурно укажува на тоа дека имунолошкиот систем се обидува да се избори со инфекција. Бојата е предизвикана од голема количина на бели крвни зрнца кои оставаат зад себе зеленикав ензим.

Совет: Препорака во борбата против овој вид на лачење, за олеснето излачување на секретите, би биле препарати на база на прополис и Н-ацетилцистеин, бидејќи тие природно помагаат во елиминирање и на вируси и на бактерии, без несакани ефекти.

Сиво

Ако исфрлите сиви зацврстени парчиња слуз од носот, можно е да станува збор за габична инфекција на синусите. Габична инфекција на синусите може да се појави поради претходна повреда на носот или долгорочно воспаление на носот, како и ослабен имунитет.

Совет: задолжително зајакнете го имунитетот и користете спрејови за нос засновани на стандардизиран прочистен прополис и Н-ацетилцистеин, што ќе овозможи распаѓање на оваа слуз и полесно исфрлање.

Црвено

Доаѓа од крвта од испукани капилари, што најчесто се случува кога силно го дувате носот или слузокожата е премногу сува.

Совет: Користете навлажнувачи во просториите и редовно прочистувајте го носот со хипертоничен раствор за нос.

Вашето тело ве предупредува кога е слабо, а еден од сигналите е испуштање на секрет од носот. Слушајте ги неговите сигнали, научете да ги препознавате и разликувате, како што е значењето на бојата на назалните секрети и реагирајте соодветно и на време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e