Како да го сочувате исончаниот тен после одморот?

Дури една недела после сончањето кожата почнува да бледее, а ова се трикови кои ќе ви помогнат кожата што подолго да го задржи темниот тен.

Хидратација

Првиот и најважен совет за зачувување на потемнетиот тен после одмор е хидратацијата. Таа ја спречува кожата од распукување, поради кое ќе исчезне секаков ‘доказ’ дека сте биле на море.

Сонцето е главната причина за сушење на кожата, така што никогаш не е доволно од хидратација. Кожата треба да ја хидрирате пред, за време и по сончањето. За најдобри резултати купете си путер за тело, масло или лосиони со хијалуронска киселина. Сушењето на кожата ќе го спречат и лосионите за после сончање.

Освен надворешната хидратација, важна е и внатрешната. Треба да пиете што е можно повеќе вода и кожата ќе ви биде хидрирана, а со самото тоа и поздрава. Здрава кожа значи и подолг живот на кожните клетки, меѓу кои се наоѓаат и оние исончаните. И да, не заборавајте да пиете околу два литри вода дневно.

Туширање

На зачувување на потемнетата боја на тенот влијае и туширањето.

Имено, многу подобро за исончаната кожа е туширање со топла или млака вода. Избегнувајте жешка вода и топли купки, бидејќи тие ја сушат кожата. За уште подобар резултат, се препорачува и користење на хидратантна крема за туширање или масло наместо гел или пена.

Мртвите клетки од кожата можат да го нарушат природниот сјај на кожата, така што потребно е да ги отстраните. Меланинот поради кој всушност кожата потемнува, не може да се отстрани со лесно триење на кожата, па тука нема простор за страв. Тоа ќе го направите ако користите пилинг кој е всушност комбинација од шеќер или сол во комбинација со масла.

Во исхраната потребно е да вклучите и храна со бета каротен. Тоа е пигментот кој на вашата кожа ќе ѝ го врати сјајот, а се наоѓа во морковите, слатките компири…

Покрај овие совети, вашиот потемен тен ќе се задржи многу подолго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e