Како да го исчистите организмот без да гладувате!

Повремено пожелно е да го исчистите организмот од токсини, но за да го направите тоа не морате да се изгладнувате или да приготвувате невкусни напитоци. Постои полесен начин…

Одморете се и наспијте се

Детоксикацијата нема врска само со храната, потребно е да го подмладите телото и на други начини. Добриот сон е клучен за телото да се одмори, затоа потрудете се доволно да спиете. Најдобар начин да го почнете денот е со јога и медитација кои ќе направат да се чувствувате релаксирано и одморено.

Не јадете брза храна

Избегнувајте ја преработената храна и шеќерот. Ќе имате повеќе енергија во текот на денот. Кога ќе се навикнете на исхрана без преработки, одете чекор понатака и исфрлете го глутенот, кафето и алкохолот од исхраната цели две недели. Иако првите денови можеби ќе ви бидат напорни, многу брзо ќе се почувствувате подобро и ќе имате повеќе енергија.

Бидете активни

Потрудете се редовно да тренирате. Освен за намалување на килограмите, постјат повеќе причини да тренирате. Тренингот ја зголемува енергијата во организмот, го подобрува расположението и спречува појава на болести.

Јадете се

Кога ќе ја исфрлите преработената храна, потрудете се да се храните здраво. А тоа значи да јадете свежа сезонска и по можност органска храна. Вашата чинија би требало да биде пошарена, а мноштвото бои ви гарантираат дека ќе внесете доволно потребни минерали, витамини и антиоксиданти.

Хидрирајте се на вистинскиот начин

Основа на секоја детоксикација е водата. Хидрираноста на организмот помага при работата на системот за варење како и при работата на црниот дроб, што е неопходно за телото да може да ги исфрли токсините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e