Како да ги препознаете хормоналните нарушувања уште во раната фаза?

Кога хормоните во нашето тело се во идеален баланс, тогаш и ние се чувствуваме добро и функционираме без проблеми. Секое најмало изместување, со себе носи и подолга низа на здравствени нарушувања.

Хормноската нерамнотежа влијае на здравјето на телото, на способноста за секојдневно функционирање и на физичкиот изглед и ако не се лечи навреме, тогаш може да предизвика различни типови на заболувања.

Состојбата на вашиот ендокринолошки систем се проверува кај специјалист интернист-ендокринолог, со анализа на крвта. Секој дисбаланс на хормоните може да резултира со најразлични симптоми како што се депресија, анксиозност, промени во телесната тежина, постојана измореност, потешко варење на храната, но и лоша меморија. Ако ги забележите овие симптоми, не значи дека со сигурност постои хормонално нарушување, но не го исклучувајте како опција.

Доколку постои пореметување, тогаш специјалистот дава терапија соодветна на добиените резултати.

Како можеме самите да си помогнеме во вакви случаи?

Покрај терапијата, која мора да се зема како што ја препишал специјалистот, треба да се избегнуваат слатките и индустриските преработки на овошје, зеленчук и месо, а да вклучиме квалитетна свежа храна, да го намалиме кофеинот, да избегнуваме храна со адитиви и најважно од сè, да се погрижиме да имаме што помалку стрес, а што повеќе добар сон.

Што се однесува до терапијата, никогаш не ја променувајте дозата на своја рака, туку консултирајте се за тоа со лекар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e