Кајсии – го штитат црниот дроб, ги јакнат коските, помагаат во слабеење…

Кајсиите се преполни со витамини, минерали и корисни киселини. Освен што го чуваат здравјето на очите, помагаат во одржување на имунолошкиот систем, ја чуваат кожата, а му помагаат на организмот полесно да се избори и со штетните бактерии.

Што се случува со телото доколку секојдневно јадете кајсии?

Го штитат црниот дроб

Турски научници пронашле врска меѓу редовното консумирање кајсии и намалувањето на ризикот од стеатоза, односно мрсен црн дроб – но, досега тоа е случај само кај лабораториските глувци. Но, врската е јасна и поради тоа што нутриционистите им ги препорачуваат кајсиите на луѓето кои имаат проблем со црниот дроб.

Ги јакнат коските

Калциумот е потребен за коските да останат здрави, а токму во кајсиите има голема количина на калциум. Добро е да се знае дека без доволно калиум, калциумот не може правилно да се апсорбира во организмот, а добра вест е и тоа што кајсиите го содржат во доволна количина.

Ги јакнат крвните садови и срцето

Во свежите кајсии има помалку калиум отколку во бананата, а сувите кајсии се рекордери по содржење на овој микроелемент. Поради тоа кардиолозите советуваат овошјето да го вметнете во вашата секојдневна исхрана. Само 100-150 грама кајсии дневно значително може да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести и да го намалат нивото на т.н. лош холестерол во крвта.

Го поттикнуваат варењето на храната

Без оглед на тоа дали ги јадете свежи или суви, тие се одличен извор на растителни влакна. Ретинолот од кајсиите брзо се разградува во организмот, а важните нутриенти лесно се апсорбираат. Растителните влакна ги разградуваат масните киселини и така се грижат за здравјето на системот за варење.

Го намалуваат оксидативниот стрес

Благодарение на витаминот Ц и токоферолот, свежите и сувите кајсии имаат изразен антиоксидативен ефект.

Го чуваат здравјето на кожата

Комбинацијата на витамин Ц, А и фитонутриенти од кајсиите гарантираат совршено здрава кожа. Дали сте знаеле дека антиоксидантите од ова овошје го забавуваат процесот на стареење?

Помагаат во слабеење

Кајсиите се пријатели на секоја девојка која е на режим на исхрана поради својата способност лесно и брзо да го исфрлат вишокот вода од телото и да го подобрат варењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e