Јаткастите плодови се здрави, но внимавајте: Умереноста е клучна

Јаткастите плодови со право се сметаат за здрава храна, бидејќи се богати со протеини, влакна, здрави масти, витамини, минерали и антиоксиданси.

Веројатно веќе знаете дека јаткастите плодови се неверојатно здрави и се поврзани со подобрување на здравјето на срцето, намален ризик од Алцхајмерова болест, па дури и губење на тежината.

Затоа, јаткастите плодови се вкусна закуска која можете слободно да ја јадете без грижа на совест. Но, колку често го правите тоа? Иако се познати како здрава храна, јаткастите плодови имаат репутација и како храна која не можете да престанете да ја јадете, па затоа малкумина од нас се придржуваат до препорачаните дневни количини.

Проблемот со прекумерната конзумација на јаткасти плодови може да бидат некои здравствени ризици, а подолу се три од најлошите.

Брзо ќе се здебелите

Има многу истражувања кои покажуваат како јаткастите плодови можат да ви помогнат да ги изгубите несаканите килограми. Сепак, треба да обрнете внимание на следниот факт – овие резултати вредат само ако ги јадете умерено. Ако ги надминете препорачаните дневни количини, ќе се случи токму спротивното и всушност ќе се здебелите.

Дополнителен проблем е фактот што тоа ќе се случи многу побрзо отколку ако претерате со некоја друга храна. Имено, јаткастите плодови се многу богати со калории, па даваат повеќе енергија од другите намирници. На пример, 30 грама бадеми содржат 163 калории, додека истото количество варени тестенини содржи само 37 калории.

Може да се појават дигестивни проблеми

Ако некогаш се чувствувате подуени после јадење јаткасти плодови, не сте единствени. Надуеноста е вообичаен „несакан ефект“ благодарение на фитатите и танините, состојки кои го отежнуваат варењето на јаткастите плодови. Како тоа да не е доволно лошо, прекумерното консумирање масти, кои ги има во изобилство во јаткастите плодови, за краток временски период може да доведе и до дијареа.

Како да ги спречите овие непријатни последици? Држете се до препорачаните дневни количини или одлучете се за опции кои се полесни за варење.

Постои ризик од труење со селен

Опаѓање на косата, кршливи нокти, лош здив, болки во мускулите и зглобовите се симптоми на труење со селен, ретка, но многу сериозна состојба што може да се појави ако конзумирате премногу бразилски ореви.

Бразилските ореви се толку богати со селен што експертите препорачуваат да не се јадат повеќе од неколку плодови дневно, и тоа само неколку пати неделно, пишува „Indiatimes“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e