Јапонците се најздрава нација – еве во што е нивната тајна

Жителите на земјата на изгрејсонцето имаат најдолг животен век во светот. Жените живеат во просек 81 година, а мажите 78 години. Јапонците не се дебелеат лесно. Јапонија има најмал процент на срцеви удари, мозочни удари и малигни заболувања, најмала смртност од корона…

Не се пресудни само гените, бидејќи кога се преселуваат на запад, почесто се разболуваат, исто како и западните. Тајната за добро здравје и долг живот е во исхраната.

Исхраната на жителите на Јапонија е избалансирана, хранлива и нискокалорична, базирана на риба и морски плодови. Рибата е богата со јод и омега-3 масни киселини.

Јодот е суштински минерал за одржување на добро здравје. Како основен градежен материјал на тироидните хормони, тој влијае на повеќето метаболички процеси во телото и е неопходен за нормален раст и развој на сите клетки и ткива.

Д-р Дејвид Дери рече дека јодот е најдобар антибиотик и антивирусно средство. Во контекст на фактот дека повеќето болести или започнуваат или продолжуваат со воспаление предизвикано од бактерии и вируси, тогаш ова е важна информација. Имено, на секои 17 минути крвта рециркулира низ ткивото на тироидната жлезда, во кое доколку има доволно количество јод ќе се уништат бактериите и вирусите.

Човечкото тело не може да складира јод, па затоа е неопходно секојдневно да се консумира.

Светската здравствена организација препорачува возрасен човек да консумира околу 150 микрограми јод за да ги задоволи дневните потреби за јод, но превентивното дејство се постигнува само со консумирање поголеми количини. Не постои опасност од внесување премногу јод, бидејќи не треба да заборавиме дека луѓето во Јапонија консумираат 12 милиграми јод дневно, што е десет пати повеќе од препораката на СЗО.

Најдобри извори на јод се алгите и морските риби. Да го следиме примерот на Јапонците! Да го зголемиме внесот на јод преку храна и вода!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e