Истражувањето вели: Доколку сте биле занемарени во детството, веројатно ги поседувате следните карактеристики

Луѓето честопати дури во повозрасните години ги препознаваат знаците на занемарување од детството, кои можат да имаат долгорочни последици врз нивното емоционално и ментално здравје. Исто така многумина луѓе можеби не се ни свесни за фактот дека нивното детство носи невидливи лузни, а нивното влијание со текот на времето станува сè поочигледно.

Според „National Child Traumatic Stress Network“, траумата од детството може да предизвика различни здравствени и емоционални проблеми, така што важно е да се разбере како занемарувањето на рана возраст го обликува човекот како возрасна личност, а според истражувањата ова се трите особини на луѓето кои биле занемарени во детството.

Проблеми со изразувањето на емоциите
Според истражувањата, лицата кои како деца биле занемарувани честопати развиваат тешкотии во изразувањето на своите емоции. Критиката или игнорирањето од страна на родителите го спречувале развојот на способноста за отворен дијалог за сопствените чувства.

Како резултат на тоа, во повозрасните години честопати се јавуваат тешкотии во поврзувањето со другите и изразувањето на вистинските чувства. Овој проблем може да доведе до чувство на изолација и осаменост, што дополнително го отежнува емоционалното поврзување со луѓето, партнерите и пријателите.

Ниска самодоверба
Студиите покажуваат дека децата којашто доживеале занемарување честопати израснуваат со ниска самодоверба и несигурност. Децата кои се чувствувале невидливо, чијашто емотивна потреба не била задоволена, честопати израснуваат со несигурности.

Во повозрасните години, таквите лица честопати се критикуваат себеси и се чувствуваат незадоволно од она какви се. Недостигот на поддршка и охрабрување во текот на детството можат да доведат до трајно чувство на инфериорност и недостиг на доверба во сопствените способности.

Тешкотии со довербата
Истражувањата покажаа дека луѓето кои во детството доживеале емоционално занемарување честопати имаат проблеми со довербата во повозрасни години. Израснувајќи со емоционална изолација, таквите луѓе научиле да се потпираат врз себеси, што може да го отежни одржувањето на подлабоки, меѓучовечки односи во повозрасни години.

Исто така истражувањата покажуваат дека лицата кои доживеале насилство во текот на детството имаат пониско ниво на самодоверба, што може да ја отежни нивната способност за поврзување со другите. Тој недостиг на доверба може да доведе до одбегнување на блиски односи, што дополнително го влошува чувството на осаменост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e