Има луѓе кои се генетски отпорни на Ковид-19?

Иако нема доволно информации за вродената отпорност на вирусот, истражувачите велат дека тоа не значи дека тоа не постои.
Како пример, тие посочиле на случаи кога сите членови на семејството се заразиле, а само еден не.

Двете лица се најмалку 99,9 отсто генетски идентични. Сепак, овој 0,1 процент е она што ги одредува сите наши разлики, од уникатен начин на гледање, до отпорност или подложност на болести.

Колку повеќе знаеме за овие конкретни гени (и луѓето кои ги имаат), толку подобро затоа што во иднина би можеле да се создадат лекови кои можат да имитираат корисни генетски разлики. Затоа истражувачите тргнале во потрага по луѓе ширум светот кои би можеле да бидат отпорни на вирусот Ковид-19 САРС-КоВ-2. Во гените на некои луѓе може да биде клучот за лекување на оваа болест, пишува Science alert.

Имунологот Evangelos Andreakos, водач на групата истражувачи, рече дека клиничката слика значително се разликува кај луѓето со Ковид, при што некои луѓе имаат само асимптоматска инфекција, додека други се опасни по живот.

„Нашето разбирање за патофизиологијата на ковидот кој се заканува по живот значително е напреднато од декември 2019 година, кога болеста штотуку била опишана, но сè уште знаеме многу малку за човечката генетска и имунолошка основа на вродената отпорност на САРС-КоВ-2“, рече Andreakos.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e