Рецепт за пржена риба во сос од билки

Ви предлагаме идеја за вкусен ручек: Пржена риба во сос од билки!
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 °Ц.
Изрендајте ја кората од лимонот, без да зафатите од белата поткора. Исцедете го сокот од лимонот во сад. Додајте ги лукот, билките и половина од маслото. Зачинете, а потоа оставете го настрана.
Загрејте го преостанатото масло во огноотпорна тава на средно-висока температура. Пржете ја кората од лимонот 30 секунди. Зачинете ја рибата, а потоа ставете ја во тавата со страната на кожата надолу. Пржете на средна температура 3-4 минути додека кожата да стане крцкава, а месото да стане бело на рабовите.
Ставете ја тавата во рерна 5 минути за рибата да се допече. Вратете ја тавата на тивок оган, истурете ја смесата со билки и загрејте ја. Послужете ја рибата со крцкав тазе леб.

Состојки:
1 голем лимон
3 чешниња лук, тенко исечени
1 чаша листови магдонос, раскинати
12 ливчиња нане, раскинати
12 ливчиња босилек, раскинати
2 лажици оригано
100 мл екстра девствено маслиново масло
4 филети бела риба сосе кожа
крцкав леб, за сервирање

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e