Хрватски научник објаснува зошто треба повеќе да се плашиме од чоколада отколку од терористи

Познатиот хрватски научник Ивица Пуљак, една од челниците на партијата Паметно, вели дека луѓето треба повеќе да се плашат од чоколада отколку од терористи. Во прилог на оваа теза, тој објави на Фејсбук графика од страницата Our World in Data , која покажува колку смртни случаи се предизвикани од различни фактори, од природни катастрофи, тероризам, пожари и неисхранетост до алкохол, сообраќајни несреќи, загадување на воздухот и туморски заболувања (графички подолу).

terorizam-cokolada-OWD-1200-480x324

За да илустрира колку стравот од тероризмот е претеран, тој укажа на фактот дека од дијабетес умираат дури 100 пати повеќе луѓе. Имено, според покажаниот графикон, во 2016 година, уделот на лица убиени во терористички напади изнесува 0,06%, додека уделот на смртни случаи од дијабетес изнесува 5,83%. Интересно е да се напомене дека од тероризмот во САД и Германија во 2016 година, загинале помалку од 0,01% . Во Ирак овој процент е значително поголем, дури 5,36%.

Со намера на својот статус на Фејсбук да му даде хумористичен тон, Пуљак вели дека чоколадата е многу поопасна од тероризмот.

-Главната причина што ја објавив оваа споредба на Фејсбук беше за да ги поттикнам луѓето да размислуваат за приоритети, како за оние во сопствениот живот, така и за оние во политичкиот и општествениот живот, вели физичарот Пуљак.

-Се разбира, намерно претерав за да ги заинтригирам луѓете и да ги поттикнам да размислуваат за податоците и за бројките, а не само врз основа на емоциите… Значи, треба да ги погледнеме бројките и да размислиме кои опасности треба да ни бидат на врвот на нашите приоритети. Кога ќе ги погледнеме нив, можеме да видиме дека многу повеќе треба да се плашиме од кардиоваскуларни заболувања, загадувањето на воздухот и нездравата, брза храна отколку од диви животни или припадници на други народи и терористи, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e