Готови за само 15 минути: Неодоливи пица-мафини

Ова вкусно печиво се прави многу едноставно и лесно, а ќе го обожуваат и децата и возрасните.

Состојки:

– 160 грама брашно;
– 1 ќесичка сув квасец;
– 1/4 лажичка шеќер;
– прстофат сол;
– две лажици масло за јадење;
– 60 милилитри сос од домати;
– 125 грама моцарела;
– неколку свежи ливчиња босилок;
– 250 грама шери домат.

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и подмачкајте ги со масло за јадење калапите за мафини.

Во сад ставете го брашното, квасецот, шеќерот, солта. Во помалечок сад измешајте масло за јадење и 2/4 чаши вода, па таа мешавина ставете ја во садот со брашното.

Замесете го тестото додека не стане меко и лепливо. Префрлете го тестото на површина на која што претходно сте ставиле брашно и месете додека тестото не стане еластично.

Развлечете го тестото, па со чаша направете кругови и ставете ги во калапите за мафини. На секое од тестата ставете по малку сос од домат, малку рендана моцарела, па шери домати и босилок.

Печете 15-20 минути додека не заруменат и сирењето не се стопи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e