Иако изјавила дека никогаш немала проблем со килограмите, Хајди Клум е верна на здравата исхрана и редовната физичка активност.
Со оглед на тоа што обожава слатки, таа често им се препушта, после тоа има и по некој килограм вишок.
Хајди веднаш преминува на посебен начин на исхрана – master cleans диета, на база на лимон. Таа вели дека таквата исхрана ги топи килограмите во рекордно време, а потребно е истата да ја практикувате барем пет дена, а најдолго две седмици.
Диетата подразбира да се пие само лимонада која е направена од лимон, јаворов сируп и вода. Јаворовиот сируп на организмот му ја дава енергијата поради тоа што е идеално да се консумира во текот на диетата. Освен тоа јаворовиот сируп може да го замените со мед.
Лимонот помага да ги елиминирате сите токсини од организмот и да го зајакнете имунитетот. Важно е да споменеме дека пред да започнете со диетата, треба да јадете полесна храна која не е од животинско потекло.
Оваа диета најдобро е да се консумира во текот на летото, а покрај Хајди на диетата се верни и Бијонсе и Деми Мур.