Еве зошто треба да пиете мед и вода пред појадок

Општопознато e дека медот е една од најздравите намирници во светот, па затоа е важно како ќе го започнете денот.

Секојдневното консумирање на мед е најдобриот начин да ги искористите сите негови предности.

Медот растворен во топла вода го чува нашето здравје. Бројни истражувања покажаа дека пчеларските производи имаат позитивно влијание на човечкиот организам.

Топлата вода во која е растворен медот го намалува апетитот, го подобрува метаболизмот, го намалува нивото на желудочна киселина. Им помага и на оние коишто имаат проблеми со лошо варење.

Медот може и да го забрза процесот на слабеење, но и да му помогне на организмот да се избори со многу болести.

При купување на мед треба да обрнете внимание на неговиот квалитет, а најдобро е да се одлучите за домашен мед.

Како да направите вода со мед?

Потребни состојки:

200 мл млака вода

1 полна лажица мед

Промешајте вода и мед и почекајте да се растопи. Водата треба да биде млака, а не топла за да не се уништат хранливите материи од медот. Испијте веднаш откако ќе го подготвите на празен стомак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e