Еве што се случува со вашиот организам ако пиете кафе со млеко

Препорачаната количина на кафе што би смееле да ја испиете во текот на денот е две поголеми шолји или 4 мали. Од дамнешни времиња е познато дека главната состојка на кафето, кофеинот, предизвикува зависност, па затоа кај луѓето што прекинуваат да го пијат доаѓа до ефект на „одвикнување“, а тоа се манифестира со главоболка, замор, па дури и некој вид депресија.

Меѓутоа, кафето има и многу позитивни дејства на организмот. Тоа е одличен диуретик, па неопходно е задолжително да го пиете со вода. Исто така, има и одлични антиоксидативни својства.

recommended by
Mgid
Mgid

APOLLOSS
Една доза наутро е доволна за да изгубите 18 кг за еден месец!
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Меѓутоа, кравјото млеко, заедно со белото брашно, белиот шеќер и солта, сé повеќе добива статус на озлогласен производ, иако тешко е да се замисли животот без него. Сепак, различни истражувања сé почесто покажуваат дека токму млечните производи со лактоза се виновници за стомачните проблеми.

„Околу 15-17 отсто од луѓето не поднесуваат лактоза, а тоа е голем процент. На пример, Грците најчесто не поднесуваат лактоза. Фетата е кисела и многу превриена за да нема многу лактоза. Тие можат да јадат фета, но не можат да јадат други бели сирења. Ако не поднесувате лактоза, ако ви е ниско нивото на ензими на лактоза, помеѓу осмиот и 12. час ќе ви се појават болки, подување, подригнување, дијареја. Ако не доаѓа до тоа, тоа значи дека сте толерантни на лактоза“, откриваат докторите.

Постои и теорија дека млекото, всушност, воопшто не им е потребно на возрасните.

„Ако прашате експерти дали воопшто ви треба млеко кога ќе пораснете, ќе ви кажат дека тоа е евтино и го има насекаде. Јадете месо и маснотии, и ќе бидете здрави. Не ви треба млеко. Млекото е клучно до 12-тиот месец од животот, а потоа не е. Евтино е и содржи калциум. Тоа е филозофијата на млекото“, додаваат експертите.

Постои верување кај народот дека не е добро да се меша кафе со млеко, бидејќи предизвикува проблеми со желудникот.

„Не се согласувам, го поддржувам мешањето, тоа е само кондиционирање на вкусот на кафето. Јас пијам инстант-кафе со млеко, имам 75 години, ништо не ми недостига. Па така, кафето и млекото може да одат заедно“, открил еден од докторите и објаснил кое млеко е најдобро:

„Единствено магарешкото, кое е најскапо, не прави проблеми, но има јак мирис. Ретко кој може да го пие.

Не постојат докази дека комбинацијата на кафе и млеко е лоша. Кога во кафето ќе се додаде млеко, тоа губи малку од антиоксидативните својства, кои се единствената предност на оваа црна напивка.“

Повеќе печеното кафе има повеќе антиоксиданси. Ќе го препознаете по бојата, бидејќи таа е потемна. Заблуда е дека ова кафе содржи повеќе кофеин, тоа не е точно. Само има посилен вкус, погорчливо е и помалку кисело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e