Еве од кој пијалок најмногу пожолтуваат забите, не е од кафето ниту од виното

И покрај многуте трикови за побела насмевка, сепак не постои ниту еден доволно добар трик, освен добра стоматолошка нега.

Доколку во желбата да ја зачувате својата блескава насмевка се откажете од шолја кафе или чаша црвено вино бидејќи сметате дека тие се главните виновници за вашите обоени заби, сега можете да се опуштите, бидејќи стоматолозите откриваат дека и кафето и виното ги бојат забите помалку од друг омилен пијалак – чајот.

Постојат неколку работи на кои шминката едноставно не може да им помогне, а блескавата насмевка е една од нив.

За жал, професионалното избелување на забите може да чини многу, па не е ни чудно што многумина се обидуваат да ја зачуваат природната нијанса на своите заби. Ако имате навика да го започнете денот со кафе и да го завршите со чаша црвено вино, често може да се најдете во потрага по паста за заби со голема моќ за избелување.

Меѓутоа, според стоматологот Ина Черн, најголемиот виновник за бојата на забите не е кафето или виното. Тоа е всушност чајот.

„Вистина е дека чајот ги обојува забите повеќе од кафето. Тоа е поради високата концентрација на танин“, вели Черн, додавајќи дека танинот е збир на горчливи и антиинфламаторни соединенија. Не е изненадување тоа што та авели дека количината на танин во чајот зависи од неговата содржина.

„Количината на танин во кој било вид чај варира од производител до производител, но со сигурност може да се каже дека црниот чај има најголема количина, додека зелениот има многу помала количина“, вели Черн.

Исто така, многу чаеви од билки се без танин.

Чаевите без танин ги вклучуваат повеќето чаеви без кофеин или чаеви од билки, како што се оние направени од ѓумбир, шипинка, камилица, јасмин и хибискус.

Само затоа што црните чаеви се богати со танин, не значи дека треба да ги избегнувате. Сите чаеви имаат здравствени придобивки и ова не е исклучок.

Како да спречите дамки на забите предизвикани од пиење чај:

1. Додајте малку млеко во чајот. Иако изгледа речиси премногу очигледно, но да, ова ќе ја осветли бојата.

2. Ако сакате да го пиете чајот без млеко, тогаш можете да пиете и чај преку сламка, што го минимизира контактот на течноста со забите.

3. Може да помогне и пиењето вода или четкање на забите по консумирање чаеви со висока содржина на танин.

Благодарение на овие совети одобрени од експерти, не мора да се двоумите помеѓу уживањето во омилениот чај и белите заби, и што е најважно, може да се грижите малку помалку за вашата рутина за пиење кафе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e