Еве колку време ви е потребно за да влезете во кетоза – состојба во која телото започнува да топи масти

Една од најпопуларните диети овие денови е кето диетата, позната по малата количина на внесување на јаглени хидрати, а му помага на телото главното гориво на телото, глукоза да го претвори во кетоза.

Кетоните се компоненти кои настануваат со разложување на мастите кои служат како алтернативно гориво. Кето диетата не помага само во губењето тежина туку е поврзана со многубројни бенефити, како што е намалување на нивото на холестерол и намалување на шеќерот во крвта, инсулинот и триглицеридите.

Она што секогаш сме се прашувале е како треба да се влезе во кетоза. Тоа е состојба на метаболизмот во која вашето тело мастите ги претвора во молекули наречени кетони, кои телото ги користи како главен извор на енергија кога глукозата е ограничена. Најдобриот начин да влезете во кетоза е драматично да ги намалите јаглените хидрати.

Доколку вашето тело има вишок глукоза, таа може да се таложи во црниот дроб и мускулите во форма на гликоген. Времето за кетоза е различно за секој човек. Првично, потребни ви се 2 до 4 дена да влезете во кетоза ако јадете 20 до 50 грама јаглени хидрати дневно. На некои за тоа им е потребна една недела па и повеќе. Тоа зависи од вашето внесување на јаглени хидрати, дневното внесување масти и протеини, вежбање, години и метаболизам.

Кога вашето тело влегува во кетоза може да почувствувате нешто што се нарекува кето грип кој вклучува главоболка, замор, мачнина, лош здив и зголемена жед. Иако ова може да биде знак дека сте влегле во кетоза, најдобриот начин за да го проверите тоа е да го контролирате нивото на кетони во вашиот организам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e