Еве кои се почетните симптоми кај мајмунските сипаници

Во 12 земји се потврдени околу 90 случаи на мајмунска сипаница, објави Светската здравствена организација кон крајот на мај 2022 година (податоците може да се променат по објавата на оваа вест).

Организацијата предупреди дека најверојатно ќе бидат пријавени уште случаи.

Болеста е предизвикана од вирусот на мајмунски сипаници, член на истата фамилија на вируси како и на малите сипаници, иако тие се многу помалку сериозни.

Експертите велат дека шансите да се заразите со нив се многу мали. Тие се јавуваат главно во оддалечените делови на Централна и Западна Африка, во близина на тропските дождовни шуми.

Двајца заразени пациенти во Велика Британија пристигнале од Нигерија, па многу е веројатно дека се заболени од западноафриканскиот вид на вирусот, кој обично има поблаги симптоми, но сè уште не е потврден. Третиот случај бил здравствен работник кој го „фатил“ вирусот од еден од пациентите.

Помеѓу четирите понови случаи – три во Лондон и еден во северозападниот дел на Англија – немаат познати врски или историја на патување. Вирусот е регистриран и во Шведска, Португалија, Шпанија, Грција, САД и Канада.

Почетните симптоми на мајмунските сипаници се: треска, главоболка, оток, болки во грбот, болки во мускулите и општа малаксаност.

Кога температурата ќе ви падне, може да избие осип, најчесто прво на лицето, а потоа да се прошири на другите делови од телото, најчесто на дланките и на стапалата.

Исипот, кој може да предизвика екстремно чешање, се менува и поминува низ различни фази пред конечно да формира краста, која подоцна паѓа.

Лезиите можат да остават лузни, а заразата обично поминува сама по себе и трае помеѓу 14 и 21 ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e