Еве кои домашни намирници да ги ставите на убодот од комарец

Летото е најубавиот период во годината, а сезоната на одмори е официјално отворена. Сепак во лето има нешто што најмногу не вознемирува и за тоа ќе се согласите сите. Комарците се оние коишто ни го скратуваат уживањето во летните денови, а нивните убоди знаат да бидат доста болни и иритантни.

Доколку не можете да се изборите со комарците, а нивните убоди ви претставуваат иритација на кожата, тогаш треба да знаете кои намирници ќе ви помогнат да го смалите чешањето и отокот на кожата. Најпрвин убоденото место измијте го со вода, а потоа искористете некоја од следниве намирници:

Мраз

Мразот ќе го смали отокот, но исто така ќе влијае на способноста Вашите нерви да испраќаат сигнали од убод на комарец до мозокот.

Сода бикарбона

Измешајте сода бикарбона и малку вода, а добиената смеса намачкајте ја на местото каде што имате убод од комарец.

Бел лук

Општо е познато дека белиот лук е природен антибиотик, односно тој може да ги убие бактериите што ги има околу убоденото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e