Еве како на природен начин да ја спречите главоболката

Од главоболка пати поголемиот дел од светската популација, а кога ќе започне најлесно е да посегнете по некој аналгетик.

Меѓутоа, наместо решението да го барате во таблетите, експертите предложуваат 6 природни начини да спречите или пак да ја намалите главоболката.

Пијте доволно вода

Истражувањето покажува дека недоволно хидратација може да предизвика главоболка. Тензичните главоболки и мигрената можат да бидат предизвикани од недоволно внесување вода во организмот.

Консумирајте магнезиум

Магнезиумот има многу корисни својства, а интересно е тоа што покажал и многу ефикасност во борбата со главоболката.

Спијте доволно

Истражувањето покажало дека главоболка се појавува кај луѓето кои што спијат помалку од шест часа.

Избегнувајте храна со хистамин
Хистаминот е хемикалија која што се наоѓа во нашето тело и се препорачува да се избегнува таквата храна како што е ферментираната храна, пиво, вино, чадена риба…

Избегнувајте силни мириси

Кај луѓето кои што се многу чувствителни на мириси, силните ароми можат да предизвикаат главоболка. Затоа треба да избегнувате парфеми, многу зачинета храна, чад од цигари.

Испијте чај од ѓумбир

Ѓумбирот е познат како антиоксидант и многу е корисен во сузбивање на воспаленијата. Најлесен начин е да направите чај од корен од ѓумбир, а тој ќе ја ублажи вашата главоболка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e