Еве како да го забрзате метаболизмот – без тренинг или изгладнување

Без изгладнување и напорни тренинзи, возможно е да го забрзате метаболизмот за помалку од неколку минути. Еве како:

  1. Штом станете, испијте 2 чаши студена вода. Ако во текот на 1 година ја воведете само оваа навика, ќе изгубите помеѓу 2 до 3 килограми.
  2. Кога се туширате, започнете со топла вода 2-3 минути, а потоа пуштете ладна вода 30 до 45 секунди. По ова туширање, ќе почувствувате побрзо струење на крвтта низ телото.
  3. Редовното спиење по најмалку 8 часа ќе го забрза метаболизмот двојно повеќе, отколку ако имате непреспана ноќ.
  4. Храната земајте ја во пократок дел од денот, односно, започнете со здрав појадок во 9 часот и завршете со вечера во 18 часот попладне. Потоа, пијте многу вода.
  5. Познато е дека лутата храна ги намалува килограмите, а покрај тоа и го подобрува варењето, циркулацијата и го подигнува нивото на енергија. Затоа, неколку лути пиперчиња за ручек нема да ви штетат.
  6. Доколку сте во можност, користете кокосово масло кое е најчист облик на масло за јадење. Наместо да се таложи во маснотии, кокосовото масло содржи масни киселини кои брзо се апсорбираат и варат.
  7. Намирниците богати со влакна се уште едни во низата кои може да го забрзаат метаболизмот. Се препорачува див ориз, кој има 2 пати повеќе влакна од кафеавиот ориз, како и тестенини од цело зрно.
  8. Студиите покажале дека зелениот чај е најдобриот кога сакате да изгубите некој килограм плус. Ако испиете 2 шолји чај наутро, ќе внесете катехин и кофеин кои ги забрзуваат метаболизмот.
  9. Протеините и калциумот кои се присутни во јогуртот и киселото млеко ги прават најдобри намирници за попладневна ужина. Консумирајте половина шолја јогурт или кисело млеко со ананас за инстантно забрзување на метаболизмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e