Есенски мафини со тиква – Фантазија од вкус

Потребно е:

200 гр тиква
150 гр шеќер
150 гр брашно
половина лажичка цимет
половина кесичка прашок за пециво
60 мл масло
2 јајца
половина шака крупно сечкани ореви
1 дл павлака
1 кесичка ванилин шеќер
1 лажичка шеќер
малку сок од лимон

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ја тиквата во блендер и добро изблендирајте. Додадете шеќер, брашно, цимет, прашок за пециво, масло, јајца и ореви. Соединете и истурете во калап за мафини обложен со хартија за печење. Се пече околу 20 минути, во рерна загреана на 180 степени. Во сад измешајте ги павлаката, шеќерот и сокот од лимон. Испечените мафини прелијте ги со една лажичка од преливот. Пријатно!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e