Експертите предупредуваат: Недоволната количина на овој витамин може да го уништи вашиот сексуален живот

Здравиот сексуален живот помага во одржување на имунолошкото здравје, го намалува крвниот притисок, го намалува ризикот од срцев удар, го подобрува сонот, го ублажува стресот, па дури и ги согорува калориите.

Многу од луѓето во својот живот се соочуваат со намалена сексуална активност во однос на некој претходен период, а причините за тоа можат да бидат различни – од ниско либидо, сексуална дисфункција, хормонска нерамнотежа или едноставно поради преголема исцрпеност.

Добра вест е тоа што за некои би можело да постои едноставно решение. Студија покажува дека доволното внесување на еден витамин може да го подобри сексуалниот живот.

Сексот не е само задоволство, добриот сексуален живот може да го подобри вашето здравје и живот.

Според експертите на „Web MD“, во една од водечките страници специјализирани за здравје, здравиот сексуален живот помага во одржување на имунолошкото здравје, го намалува крвниот притисок, го намалува ризикот од срцев удар, го подобрува сонот, го ублажува стресот, па дури и ги согорува калориите.

Важно е да земете предвид дека сè поголем број од истражувањата покажуваат дека недостатокот на витамин Д може значително да влијае на сексуалното здравје.

Според истражувањата кај мажите овој витамин има важна улога во сексуалната функција. Студија од 2019 година објавена во „The World Journal of Men’s Health“ покажала дека витаминот Д ја зголемува подвижноста на спермата, ја поттикнува плодноста и помага во подобрување на функциите на тестисите низ произведување на полови хормони.

Студијата исто така ја воочила врската меѓу ниското ниво на витамин Д кај жените и симптомите на сексуална дисфункција како болка во текот на половиот однос, неможност за возбудување и недостаток на сексуален нагон.

И клиниката Cleveland Heart Lab известува дека витаминот Д помага во зголемување на проток на крв во гениталиите и на тој начин ја подобрува слузницата на клетки во крвните садови што го поддржува протокот на крв и го намалува воспалението.

За да го зачувате вашето сексуално здравје внесувајте доволно витамин Д поминувајќи време на сонце, јадејќи храна богата со витамин Д и земајќи додатоци (по потреба) со претходна консултација со доктор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e