Експертите ја решија дилемата: Дали е подобро чоколадото да се чува во фрижидер или во фиока?

Експертите за отпад од храна од американската компанија „InSinkErator“, која произведува контејнери за фрлање ѓубре, ги истражувале навиките на луѓето кога станува збор за складирање на чоколадо. Се покажа дека многу луѓе не се сигурни кој е најдобриот начин, односно дали треба да чуваат чоколадо во фрижидер или во шкаф. Многумина сè уште веруваат дека треба да се чува во фрижидер, додека други сметаат дека треба да се чува на собна температура.

За да се реши оваа дилема засекогаш, тимот од компанијата „InSinkErator“ направи анализа. Откриле дека повеќето луѓе, околу 70 отсто, веруваат дека правилниот начин за чување на чоколадото е во фрижидер. Филип Квантрел, експерт за храна од компанијата објасни кој е во право.

Имено, иако многумина мислат дека чоколадото треба да се чува на ниски температури, во фрижидер, тоа не е точно. Најдоброто место за складирање на чоколадото е ладно и суво, на пример, оставата, чајната кујна или шкафот на собна температура (од 18 до 20 степени). Чувањето на чоколадото на ладно место, како фрижидерот, може да ја обезбојува и да предизвика проблем со шеќерот, што се случува кога чоколадото ќе се навлажни и ќе побели. Иако ова не влијае на неговиот квалитет или не го прави небезбедно за јадење, може да влијае на неговиот вкус и текстура или да го влоши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e