Со една состојка забрзајте го метаболизмот на природен начин

Во продолжение ќе прочитате три сосема природни рецепти со чија помош ќе го забрзате метаболизмот. Клучна состојка во сите три е циметот.

Ако имате проблеми со запек, мрзливи црева, задржување на течност во телото или пак, лесно ви се таложат масти, овие рецепти ќе ви помогнат да се ослободите од проблемите.

Прв рецепт:

Едно јаболко исечете го на тенки парчиња. Прелијте со 300 мл зовриена, па оладена вода. Додадете лажичка цимет и оставете да отстои на ладно место два часа. Испијте пред спиење.

Рецептов ќе ви помогне да се ослободите од вишокот течности во телото, но и побрзо да согорите масти.

Втор рецепт:

Во една шолја кефир додадете една лажичка цимет и половина лажичка мелен ѓумбир. Ваквата мешавина пијте ја наутро и навечер.

Трет рецепт:

Сварете 300 мл зелен чај. Додадете лажичка цимет. Откако ќе се излади додадете мед. Пијте половина час пред ручекот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ