Дознајте кое овошје го намалува ризикот од дијабетес

Сите знаеме колкави здравствени придобивки има организмот од јаболката, а научниците сега откриле дека консумирањето на една до две од овие овошки дневно го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2.

Имено, истражувачите го испитувале нивото на витамин Ц и каротеноидите во крвта кај две групи на луѓе – 9.745 заболени од дијабетес и 13.662 здрави лица.

Тие дошле до сознание дека сите оние кои имале високо ниво на овие два наведени нутриенти во организмот поради внесот на овошје и зеленчук, го намалиле ризикот од добивање на дијабетес за дури 50 отсто.

Испитаниците дневно внесувале околу 508 грама овошје и зеленчук, додека оние кои ги јаделе минимално, внесувале само 274 грама.

Едно големо јаболко тежи околу 250 грама, што би значело дека со внес на само две јаболка дневно можете да го подобрите вашето здравје.

Исто така е утврдено дека и консумирањето на цели житарици има добри страни токму како внесувањето на овошје и зеленчук, а доволно е да јадете една до две порции дневно житарки или овесна каша.

“На некои причинители на дијабетес како што се годините и генетиката не можеме да влијаеме, но со здравиот начин на живот можеме да придонесеме за подобро здравје. Јадете здраво, вежбајте и задолжително консумирајте овошје и зеленчук”, изјавила Ема Елвин, главната советничка за дијабетес во организацијата “Diabetes UK”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e