Домашна маска за чистење на лицето

Зимата и ниските температури оставија траги на кожата на лицето што сега може да изгледа уморно и исушено. Со оваа едноставна маска што може сами да ја направите дома, ќе ја освежите и тонирате кожата на лицето.

Потребни состојки:

Две лажици мед

Жолчка

Две лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

Растопете го медот, но внимавајте да не биде премногу топол. Потоа додајте ја жолчката и измешајте. На крајот додајте и маслиново масло и промешајте. Нанесете ја маската на чисто лице, оставете ја 5 минути, па избришете го лицето со влажна крпа. Потоа повторете ја постапката уште еднаш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e