Домашна крема од 4 состојки која стана хит меѓу жените

Нејзина најголема предност е тоа што се состои од состојки кои се потполно природни и безбедни, и тоа што е погодна за сите типови на кожа.

Брчките се неизбежна појава кај секоја личност. Жените вообичаено користат бројни креми како би ја спречиле нивната појава, но дури ниту најскапите креми не може да ви гарантираат потполно ослободување од брчките.

Меѓутоа, постои крема којашто може да си ја направите сами, а којашто одлично ја хидрира вашата кожа, ги намалува брчките и го забавува стареењето на кожата. Нејзина предност е тоа што состојките се потполно природни и безбедни, и тоа што е погодна за секаков тип на кожа.

Резултатите се видливи веќе за само 7 дена, затоа направете ја оваа крема сами и израдувајте ја својата кожа!

bore-1458819489-83812
Состојки: 1 лажица бадемово или маслиново масло, 1 жолчка, 1 мала лажичка мед и 2 лажички вазелин.

Подготовка: Растопете го вазелинот со помош на водена пареа. Тој процес може да потрае неколку минути. Потоа во него додадете ги и останатите состојки. Сето тоа добро промешајте го се додека да добиете хомогена маса. Вашата крема е готова!

Може да ја чувате во кутија од некоја стара крема.

Мачкајте ја со лесни движења, масирајќи ја кожата. После 30 минути може да го отстраните вишокот крема со влажно марамче.

Напомена: Потребно е повеќе од еден час за кремата да впие во кожата, па токму затоа се препорачува да ја мачкате на лицето најмалку два часа пред спиење. Кремата чувајте ја во фрижидер.

Тагови: брчкиженикрема

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e