Доктор од Харвард: На мозокот му треба месо

Месото е неопходно за одбрана од депресија и анксиозност, тврди нутриционистот и психијатар од Харвард, д-р Џорџија Еде.

И покрај зголемениот број на вегетаријанци и вегани во последниве години, таа тврди дека откажувањето од месо може да биде штетно за менталното здравје.

„На мозокот му треба месо. Слушаме дека месото е опасно за целокупното здравје, вклучувајќи го и мозокот. Растенијата навистина го хранат и го штитат мозокот, но вистината е дека и месото ни треба“, изјави таа за радиото КИРО. Д-р Еде вели дека важноста на месото не е само во содржината на протеини.

„Сите други хранливи материи кои се наоѓаат во месото се многу поважни. Потребите за протеини можете да ги задоволите со друга храна која се наоѓа во вегетаријанска или веганска исхрана, но многу други есенцијални хранливи материи е тешко, понекогаш и невозможно, да се добијат од растенијата”, рече таа. Протеините се состојат од хемикалии наречени амино киселини кои ги градат и поправаат мускулите и коските. Иако производите од животинско потекло како јајцата, месото, сирењето и грчкиот јогурт се богати со протеини, тие можат да се најдат и во веганските опции како леќата и брокулата.

Таа истакна дека месото е „единствената храна која ги содржи сите хранливи материи што ни се потребни во вистинската форма и е исто така најбезбедна храна за нивото на шеќер и инсулин во крвта“.

Овие хранливи материи вклучуваат витамин Б12, омега-3 масни киселини, цинк, железо и јод.

Витаминот Б12, на пример, помага да се создадат црвени крвни зрнца и ДНК богата со кислород. Сепак, тој е исто така поврзан со регулирање на серотонинот што го подига расположението, а ниските нивоа на серотонин се поврзани со зголемен ризик од депресија и анксиозност.

Студија од 2019 година сугерира дека недостатокот на витамин Б12, кој е почест кај веганите, може да го зголеми ризикот од мозочен удар. Неговото отсуство го инхибира отстранувањето на протеините од крвотокот, што доведува до воспаление, што пак ја зголемува веројатноста за оштетување на крвните садови. Ова е клучен фактор на ризик за мозочен удар, пишува Daily Mail.

На возрасните им требаат околу 2,4 mg витамин Б12 дневно за нормално функционирање, според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e