Диетата 30/30/30 е хит на социјалните мрежи: Жените се „колнат“ дека килограмите сами се топат

Како што полека се наближува летото, луѓето сè повеќе бараат начин да ја доведат својата линија до совршенство за кога ќе носат костими за капење.

Постојат многу методи за слабеење, а повеќето од нив, за жал, не се ефикасни. Меѓутоа, новиот метод 30-30-30 всушност е вкоренет во науката и можеби е вреден да се обидете доколу сакате да изгубите тежина.

Методот 30/30/30 вклучува јадење 30 грама протеини во првите 20 минути по будењето, проследено со 30 минути вежбање.

Овој метод прв го предложил Тимоти Ферис во неговата книга „The Four Hour Body“.

Како функционира диетата 30/30/30?
Протеините кои наутро се внесуваат во телото, наутро го стабилизираат нивото на гликоза и инсулин. Кога пиете кафе на празен стомак, или јадете нешто богато со шеќер и јаглехидрати, како што е печивото, тоа предизвикува скок на кортизолот, хормонот на стресот, кој се јавува под влијание на кофеинот и инсулинот.

Спротивно на тоа, протеините кои ги земате наутро помагаат да се одржи стабилно ниво на гликоза, да се забрза метаболизмот и да се намали желбата за одредена храна во остатокот на денот.

Да се обезбедат протеини наутро е едноставно, три варени јајца кои можете да ги готвите навечер и наутро и да ги јадете со парче тост или, пак, можете да пиете смути со дозерка и пол протеински прав, кој може да се меша со овесна каша. Протеински појадок може да биде и чинија свежо сирење со овошје или грчки јогурт со малку путер од кикиритки.

30 минути физичка активност
Методот 30/30/30 бара движење со низок интензитет, што значи дека пулсот треба да остане под 135 отчукувања во минута.

Можете да го шетате кучето, да возите велосипед, да правите јога или лесни вежби – важно е само да се движите.

Доколку имате проблем да достигнете 30 грама протеини преку цврста храна, размислете за користење протеински шејкови или додатоци.

Социјалните мрежи „распламтени“ поради оваа диета
На социјалната мрежа „TikTok“ може да се најдат бројни видеа на кои девојките покажуваат какви резултати постигнале.

Многу жени велат дека после оваа диета немале јо-јо ефект и дека чести се враќаат на оваа исхрана која малтене станала нивен начин на живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e