Делта сојот не предизвикува тежок облик на ковид кај децата

Британско истражување покажа дека делта сојот не предизвикува тежок облик на ковид кај децата во однос на претходните соеви на коронавирус.

Во почетокот на оваа година научниците докажаа дека децата не развиваат тешка клиничка слика од алфа сојот во однос на сојот којшто се појави во Вухан.

Новите податоци упатуваат на тоа дека делта сојот не е опасен за децата. Британските научници споредуваа две групи на деца заразени со ковид.

< Во првата група беа 694 деца заразени со алфа сојот во период од декември до мај, а во другата 706 заразени со делта сојот од мај до јули. Докажано е дека децата заразени со делта сојот имале повеќе симптоми, но и во двете групи мал број на деца имале потреба од хоспитализација. Продолжен ковид не бил евидентиран во ниту еден случај, односно половина од децата не биле болни повеќе од 5 дена. „Нашите податоци укажуваат дека клиничките карактеристики на делта сојот кај децата се слични на другите соеви“, заклучија британските научници, пренесува Reuters.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e