Дали знаевте дека овие намирници немаат рок на траење?

Најчесто, кога купуваме намирници внимаваме на нивниот рок на траење. Многу од нив може да бидат токсични и лоши по организмот доколку се користат по наведениот рок на траење.

Но, знаете ли дека има и намирници кои немаат рок на траење? Еве за кои производи станува збор:

Мед

Медот има неограничен рок на траење, а покрај тоа што може да ја промени бојата или да се кристализира, и понатаму е добар за јадење.

Јаболков оцет

Според Eat By Date, оцетот нема рок на траење, тоа е така поради киселата природа. Оцетот е самоодржлив и не му треба ладење. Поради тоа може да купите поголема количина оцет без да стравувате дека ќе се расипе.

Густин

Доколку правилно го чувате на суво и студено место, може да го користите долго време. Скробот може да се расипе доколку дојде во допир со воздух. Тогаш се создаваат кристали и грутки, што укажува дека можеби веќе не е добар за употреба.

Сол

Чистиот натриум хлорид постои веќе неколку милијарди години, па воопшто не е чудно што трае вечно. Често се користи за заштита на храната од мувла и бактерии, помага долго време да ја задржи свежината. Морската сол не може да се расипе, засекогаш останува свежа.

Шеќер

Слично како и солта, шеќерот може да трае вечно ако го чувате подалеку од влага и извори на топлина. Кај шеќерот не е проблем да го одржите свеж, туку да спречите да не стане тврд. Шеќерот никогаш нема да се расипе бидејќи не поддржува развој на бактерии.

Жестоки пијалаци

Не мора да брзате да го довршите шишето со жесток пијалак ако е добро затворено и е на студено место, тогаш може да трае подолго време. Со текот на времето пијалаците може незначително да ја променат аромата, но тоа веројатно нема ни да го почувствувате.

Ориз

Дури и ако кутијата е полна со прашина, внатре оризот е подеднакво добар како и кога е купен. Тоа важи за сите типови ориз освен кафеавиот поради поголемиот удел на масти склони кон расипување. Единствено мора да внимавате при складирањето, да биде заштитен од инсекти.

Соја сос

Соја сосот е уште една намирница за која не мора да се грижите кога станува збор за рокот на траење. Кога ќе извадите некое старо шише од фрижидерот, не мора да го фрлите, може да продолжите со употреба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e