Дали воопшто сте знаеле за витаминот „Ф“ и зошто е тој важен?

Витаминот Ф, кој е составен дел од растителни масла, е неопходен за правилен раст и развој на организмот. Овој витамин се состои од есенцијални полинезаситени масни киселини: лав, линолеична и арахидонска киселина.

Витаминот Ф влијае на оксидативните процеси на метаболизмот, согорува заситени масти и помага да се изгубат вишокот килограми.

Исто така, овој витамин спречува таложење на холестерол, а кај дијабетичарите го намалува ризикот од кардиоваскуларни нарушувања и спречува болести на окото.

Докажано е дека витаминот Ф ја ублажува болката во менструалниот циклус, а се користи и во терапија со стерилитет. Витамин Ф се наоѓа во растителни масла, а најмногу се наоѓа во маслата од соја, пченка, кикирики и ленено семе. Исто така, ореви, бадеми, сончоглед и авокадо го содржат овој витамин.

Препорачаната доза на витамин Ф е до 20 грама, што би значело приближно две лажици масло на ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e