Дали солта има рок на траење?

Солта е есенцијален минерал потребен за правилно функционирање на човечкото тело и животните. Помага во одржување на нивото на течности во телото, но вишокот може да биде штетен.

Кога станува збор за рокот на солта и колку може да трае, важно е да се знае дека таа нема рок на траење. Кога правилно се чува и складира, рокот на траење е неограничен.

Солта, како и многу други зачини, може да има рок до кога е најдобра за употреба, но нема рок на траење. Може да ја користите и по датумот наведен на пакувањето.

Како да знаете дека солта повеќе не е добра?

Ако е стара, ќе добие тврда кора. Ако била изложена на влага или пареа, солта може да се стврдне.

Најдобро е да ја складирате во оригинален херметички затворен сад на студено место. Внимавајте секогаш да е на суво и постојано на константна температура, подалеку од шпорет и машина за миење садови, пишува Eat by Date.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e