Дали сокот од киселите краставички е навистина добар за здравјето?

Сокот од киселите краставички познат и како саламура од кисели краставички, навистина има неколку здравствени придобивки, вклучувајќи олеснување на болката предизвикана од грчеви во мускулите, помага за одржување на хидрозата, обезбедува витамини и антиоксиданси, помага при слабеење и го регулира шеќерот во крвта.

Чувајте тегла со кисели краставички во вашиот фриждер и напијте се малку ако почувствувате грчеви во мускулите, дури и ако станува збор за грчеви предизвикани од менструалниот циклус. Само неколку голтки од оваа течност ќе ви помогне да се чувствувате подобро за кратко време. Чудно нели?

Една студија од 2010 објавена во „Journal of Athletic Training“ откри дека сокот од киселите краставички помага при ублажување на болката предизвикана од грчеви во мускулите, стимулирајќи рефлекс во задниот дел на грлото. Овој рефлекс ги релаксира мускулите и ја намалува активноста во алфа-моторните неврони.

Прочитајте и… Болните од коронавирус кои имаат проблеми со непцата почесто завршуваат на респиратор
Друго истражување објавено во „Medicine and Science in Sports“ открива дека сокот од кисели краставички ги олеснува грчевите во мускулите 37% побрзо од водата за пиење. Грчевите во мускулите исчезнуваат за една до две минути.

Истражувачите веруваат дека тоа е заради оцетот во сокот од киселите краставички, но потребни се дополнителни истражувања.

Сокот од киселите краставички содржи натриум и калиум – електролити, кои ќе ви помогнат да бидете хидрирани подолго отколку само обична вода.

70 милилитри сок од тегла кисели краставички содржи околу 470 милиграми натриум, 7 милирами витамин Ц, 1 милиграм витамин Е и 2 милиграми цинк. Најдобриот дел? Нула калории.

Студија од 2014 година објавена во „Journal of Bioscience, Biotechnology and Biochemistry“ покажа дека оцетот, главната состојка во сокот од кисели краставички, може да помогне и при процесот на слабеење.

Истражувачите проучувале 12 учесници со прекумерна телесна тежина давајќи им дневен пијалок со 15 милилитри оцет, 30 милилитри оцет или без оцет. На крајот од истражувањето, учесниците кои консумирале оцет, покажале резултати со намалена телесна тежина, обем на струкот, маснотии на висцералните материи.

Студија од 2015 година, објавна во „Journal of Diabetes Research“ во која биле вклучени 11 учесници на кои неодамна им бил дијагностициран дијабетес тип 2, покажа дека оцетот може да помогне и во регулирање на нивото на шеќер во крвта, особено за оние со дијабетес тип 2.

Следниот пат кога ќе имате тегла со кисели краставички дома, наместо да ја фрлате теглата откако ќе ги изедете киселите краставички, чувајте ја во вашиот фрижидер и присетете се на потенцијалните здравствени придобвки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e