Дали „шеќерната волна“може да предизвика рак?

Дали шеќерната волна може да предизвика рак? Некои индиски држави мислат така и ја забранија продажбата на розовото и слаткото задоволство.

Минатата недела јужната држава Тамил Наду ја воведе забраната откако лабораториските тестови потврдија присуство на супстанца што предизвикува рак, Родамин-Б, во примероците испратени на тестирање.

Претходно овој месец, федералната територија Пудучери ги забрани овие слатки, додека другите држави почнаа да тестираат примероци од нив.

„Шеќерните волни“ се популарни меѓу децата ширум светот, а тие ги сакаат поради нивната блескава текстура што се топи во устата. Но, некои индиски официјални лица велат дека овие слатки се позлобни отколку што изгледа, пишува Би-Би-Си.

П. Сатиш Кумар, службеник за безбедност на храна во градот Ченаи во Тамил Наду, рече дека состојките во „шеќерните волни“ можат да доведат до рак и да влијаат на сите органи во телото.
Неговиот тим минатата недела изврши рација кај продавачите на слатите на градската плажа. Кумар рече дека слатките што се продаваат во градот се произведени од независни продавачи, а не од регистрирани фабрики.

Неколку дена подоцна владата објави забрана за нивна продажба откако лабораториските тестови во примероците открија присуство на хемиското соединение Родамин-Б. Хемикалијата дава флуоресцентна розова нијанса и се користи за боење текстил и козметика.

Истражувањата покажаа дека оваа хемикалија може да го зголеми ризикот од рак, а Европа и Калифорнија ја забранија употребата како боја за храна.

Додека ги забрануваше „шеќерните волни“ во Тамил Наду, министерот за здравство Ма Субраманијан рече дека употребата на Родамин-Б во продажба и сервирање храна ќе биде казнива според Законот за безбедност на храната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e