Дали и колку алкохол е дозволено по вакцинацијата против корона?

Британската агенција за лекови и здравствени производи соопшти дека нема докази дека консумирањето алкохолни пијалоци влијае на ефективноста на вакцината против коронавирусот, пишува Инвнинг Стандард.

Британскиот регулатор го објави ова откако на социјалните мрежи се проширија гласини дека две недели по вакцинирањето против коронавирус, треба да се воздржува од алкохолни пијалоци.
„Ние ја советуваме секоја личност која е загрижена за консумирање алкохолни пијалоци да се обрати до медицинско лице“, рече кратко Агенцијата.

Во јануари годинава, организацијата Дринкавејр (Drinkaware), основана од компании што произведуваат алкохолни пијалоци, соопшти дека има некои докази дека пиењето алкохолни пијалоци, особено ако е прекумерно, може да влијае на способноста на организмот да создаде имунитет по инјектирање на вакцината, пренесува Јутарњи лист.

Сепак, ниту британскиот национален здравствен систем ниту производителите на вакцини не објавија каква било информација што би сугерирала дека постои врска помеѓу ефективноста на вакцините и потрошувачката на алкохол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e