Дали кафето го намалува нивото на витамин Д во телото?

Нова студија спроведена од медицински истражувачи од Кина и Бразил собра податоци од повеќе од 13.000 испитаници. Студијата ќе биде објавена во Меѓународниот зборник за истражување витамини и нутриционистички вредности.

Истражувачите заклучија дека колку повеќе човек консумира кафе, толку е поголема шансата да има недостаток на витамин Д. Во резимето на студијата, авторите јасно наведуваат: „Високото ниво на внес на кофеин е поврзано со недостаток на витамин Д кај американската популација“.

Важно е да се напомене дека истражувачите пишуваат дека понатамошните истражувања ќе можат јасно да одредат дали и до кој степен кофеинот директно предизвикува недостаток на витамин Д.

Друго прашање што останува отворено е како кофеинот влијае на витаминот Д кај постарите лица, имајќи предвид дека податоците собрани во студијата се собрани од луѓе на возраст од 30 до 47 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e