Дали е можно два пати да се заразите со омикрон?

Колкави се шансите да се заразите со нов вид по делтата? И дали е можна повторна инфекција со омикрон?

Ризикот од инфекција со мутацијата омикрон по делта инфекција е 15-20 проценти, вели Наталија Пшеничкаја, заменик-директор за клиничка и аналитичка работа во Централниот истражувачки институт за епидемиологија на Русија.

„Ризикот од заразување со омикрон откако лицето ќе се зарази со друга варијанта, како што е делта, е околу 15-20 проценти, според јужноафриканските епидемиолози, додека веројатноста за повторна инфекција со истиот вид е помала од 1-2 проценти”, изјави таа за руските медиуми.

Според експертите, сè уште нема доволно податоци за да се одговори на прашањето дали е можно двапати да се добие омикрон, се уште нема податоци кои го потврдуваат тоа.

Таа рече и дека кај некои пациенти повторната инфекција е асимптоматска, додека кај други најчест симптом е затнат нос. Повеќето пациенти чувствуваат слабост, болки во мускулите и зглобовите, главоболка, течење на носот, сува кашлица и потење.

„Посилни симптоми обично се забележуваат кај оние кои долго време биле болни или по одамна се вакцинирани, бидејќи имунолошката меморија слабее со текот на времето“, додаде Пшеничкаја.

Неодамнешните студии открија уште еден необичен симптом на инфекција со омикрон, кој се манифестира во ушите. Како што истакнуваат епидемиолозите, најчестите проблеми со кои се соочуваат луѓето со новата мутација на корона се сувост и болки во грлото, засипнатост, болки во мускулите …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e