Чоколаден мус од само 3 состојки

Денеска е Светски ден на чоколадото, а по тој повод за сите љубители на ова слатко задоволство, ви претставуваме едноставен рецепт од неколку состојки кој е совршен за одбележување на овој ден.

Потребни ви се само 3 состојки и малку добра волја и трпеливост додека чекате да се излади овој чоколаден мус.

Потребни состојки:

– 140 гр. манчмелоу

– 360 мл. млеко (околу една и пол чаша)

– 170 гр. темно чоколадо

Начин на припрема:

1. Во еден сад ставете ги манчмелоуто и млекото и загрејте ги на тивок оган додека не се растопи манчмелоуто. Процесот трае околу 5-7 минути.

2. Смесата со стопените манчмелоу потоа истурете ја врз 170 гр. сечкано темно чоколадо и оставете 2-3 минути. Потоа мешајте додека смесата не се соедини.

3. Поделете ја смесата на четири дела, односно истурете ја во 4 чаши и ставете ја да се лади барем еден час.

4. По желба можете да го збогатите мусот со шлаг, овошје или трошки чоколадо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e