Чизкејкот не спаѓа во најомилените рецепти за приготвување, бидејќи се смета за посложен рецепт, но не и нашиот денешен чоколаден десерт! Еве како лесно да ги израдувате вашите најблиски уште денес со истиот!
Состојки:
300 гр какао бисквити
100 гр путер
400 гр крем сирење
150 гр шеќер во прав
400 гр млечно чоколадо
200 мл павлака
Начин на подготовка
Сомелете ги бисквитите. Следно, растопете го путерот идодадете го кон бисквитите. Поставете ја добиената смеса на дното на соодветенсад и истиот складирајте го во ладилникот на половина час.
Растопете 250 гр чоколадо. Изматете го сирењето, а потоакон истото додадете ги шеќерот и чоколадото. Одделно изматете 100 мл павлака идодадете ја кон претходната смеса, а потоа сето додадете го врз бисквитнототесто.
За глазурата растопете го преостанатото чоколадо и измешајте го со 100мл павлака.
Покријте го чизкејкот со глазурата и поставете го воладилникот на 4 часа, за да се излади. Пред неговото сервирање, може да го декорирате со какао и чоколадо.