Рецептот за најдобриот чоколаден десерт од природни состојки, кој се приготвува многу лесно, а е омилен меѓу луѓето во Јужна Америка.
Состојки:
4 јајца
2 портокали
200 гр јаткасти плодови (бадеми, лешници, по ваша желба)
200 гр кокос
Половина пакетче сода бикарбона
За прелив:
100 гр темно чоколадо
200 мл павлака за готвење
Начин на подготовка:
Прво, потопете ги портокалите во раствор од сода бикарбона и оставете ги да отстојат половина час. Потоа, поставете ги да се варат 30 минути, додека да омекнат. Сомелете ги во блендер, додадете ги јајцата и сомелените јаткасти плодови и сосема малку сода бикарбона.
Мешајте ја смесата во блендер, додека не се соедини добро, а потоа истата поставете ја да се пече 20 минути на 200°C.
Загрејте ја павлката за готвење и во неа додадете го и чоколадото, кое за кратко, ќе започне да се растопува. Добиениот прелив нанесете го врз десертот и истиот е веќе готов за консумирање!