Чај од лимонова трева – Прв спас од стресот!

Мирисот на лимонова трева може да ви помогне да останете смирени и релаксирани.

Во своето истражување, бразилските научници од федералниот универзитет Сергипе ги мереле физичките и психичките показатели како чувството на тензија и отчукувања на срцето кај повеќе од 40 испитаници. Тие кои пред тестот помирисале лимонова трева, биле помалку анксиозни и напнати.

Иако нивните нивоа на стрес се зголемиле за време на тестот, сепак по тестирањето тие биле помали отколку кај останатите испитаници.

Лимоновата трева е билка која потекнува од Шри Ланка и Јужна Индија, но сега веќе расти во многу земји во светот. Таа е дел и од азиската кујна.

Оваа билка освен тоа што ни помага да го победиме стресот е одлична против воспаленијата во нашето тело. Според некои истражувања, лимоновата трева е и одличен борец против лошиот холестерол, но само доколку ваквиот чај се конзумира секојдневно.

Затоа, ако во текот на овој месец забележите стрес и анксиозност, напијте се чај од лимонова трева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e