Брза и ефикасна: Диета со сладолед, но само овошен!

Чистењето на телото може да се постигне со пиење на сите видови овошни и зеленчукови сокови, чаеви и други препарати. Диетата со сладолед делува на многу сличен начин, само вие не консумирате сокови, овошје и зеленчук, туку сладолед!
Поентата на оваа диета за чистење на организмот е да јадете 5 топки сладолед на ден, четири дена по ред. И ништо друго. Само сладолед!

Не смеете да го јадете било кој сладолед. Односно, поточно, не смее да биде сладолед од млеко и ниту една состојка не смее да се третира термички.
Овие сладоледи се вегански и 100% органски и се направени од кокос кој, кога се ферментира, се претвора во јогурт од кокос. Сладоледот е засладен со мед кој се додава во јогуртот од кокос и потоа се замрзнува и така станува сладолед. Таков сладолед може да се направи и со други состојки, како што е свежо исцеден сок од портокал или вистинско чоколадо. За четири дена, јадењето ваков сладолед наводно убаво го чисти организмот и отстранува значителен број килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e