Босилек – го подобрува апетитот, го намалува стресот, помага при депресија…

Босилекот е сигурно едно од најупотребуваните растенија. Се користи како зачин, но и како лек, има различни благотворни ефекти.

Босилекот потекнува од Индија, а многу народи му припишуваат божествени својства. Содржи витамини А, К, Ц и Б6 и минерали магнезиум, манган, калиум и железо.

Тој е важен на висока температура, ја смирува кашлицата, благотворно делува на срцето, влијае на работата на бубрезите… Не можат да се набројат сите лековити ефекти на босилекот, го подобрува апетитот, го намалува стресот, помага при депресија, ја смирува мачнината и нагонот за повраќање.

За да има правилен ефект босилекот, мора да се бере во одредено време и во неколку наврати, по можност во текот на летото пред да расцвета.

Чај од босилек – подготовка:

Исушените листови босилек прелијте ги со врела вода и оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете го чајот.

Овој пијалок е добар поради изразеното смирувачко дејство, ја смирува напнатоста и има антиинфламаторно дејство. Идеален е за настинки, кашлица и болки во грлото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e