Боровниците го намалуваат стресот и помагаат во процесот на слабеење

Темата на едно од последните истражувања спроведени на Универзитетот во Мичиген, била поврзана и со намалувањето на масните наслаги во пределот на вашиот струк и внесување на боровница во вашиот организам.

Експертите од истражувачкиот центар за кардиоваскуларни болести при тој Универзитет тврдат дека боровницата е одличен сојузник за борбата против салото, но и дека може да биде користена и во превенција на метаболистичкиот синдром, заболување на срцето и крвните садови.

По 90 дена ”диета” научниците констатирале дека масните наслаги во абдоменалниот дел од вашето тело се намалуваат, како и дека нивните триглицериди се пониски, додека пак се подобрува и чувствителноста на инсулин.

Само три седмици секојдневно внесување на ова овошје е доволно да се контролира глукозата и инсулинот во организмот, тврдат американските ескперти.

100 грама боровници имаат 57 калории и 87 отсто вода, што ги прави идеален сојузник за витката линија.

Докажано го намалуваат стресот и напнатоста, а тој е директно поврзан со слабеењето.

Познато е дека личност која што е под константен стрес има неправилна работа на своите хормони кои што го блокираат самиот процес на слабеење.

Докторите препорачуваат консумирање на една шака од ова овошје секој ден. Освен овошје може да пиете и сок од боровница, без додатоци на шеќер и ќе имате ист ефект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e